Вести Македонија Топ вести

Покрај несудената конзулка Бесмира Ејупи, хонорари од Државно правобранителство добивала и нејзината сестра и ќерката на генералниот секретар

И сестрата на Бесмира Ејупи, несудената конзулка во Њујорка заработувала хонорарно во Државното правобранителство, покажуваат податоците на Отворени финансии.

Фатиме Ејупи за две години во 14 наврати добила по околу 20 илјади денари по трансакција или вкупно заработила околу 4.200 евра до Државното правобранителство. Сестрата Бесмира пак која на затворена владина седница првин беше назначена за конзул во Њујорк, па потоа отповикана од истото правобранителство заработила околу 4 илјади евра.

Двете сестри не работеле само во една државна институција, туку во повеќе па така Бесмира била ангажирана хонорарно и во општините Чаир, Сарај, Брвеница и Петровец додека Фатиме Ејупи лани во декември добила илјада евра хонорар од Државната изборна комисија и уште околу 4 илјади денари од УЈП во повеќе ситни трансакции.

Во државното правобранителство, освен двете сестри Ејупи, хонорари земала и ќерката на Андријана Сливоска, генералната секретарка на Државното правобранителство. Помладата Сливоска во 12 трансакции подигнала над 4.400 евра од институцијата која треба да се грижи и да ги штити државните интереси и парите на граѓаните.

Кога се јавивме во правобранителство, на неколку телефонски повици никој не одговори, но потоа ни се јави еден маж кој рече дека сите жени се на 8-мартовска прослава, но ни посочи локал за да ја побараме генералната секретарка Андријана Сливоска. Таа ни се јави, потврди дека и нејзината ќерка и сестрата на конзулката Бесмира Ејупи биле ангажирани хонорарно, но ни рече да бараме информации официјално.

Генералната секретарка Сливоска ни рече дека Фатмира Ејупи била ангажирана како помлад соработник за човечки ресурси, додека нејзината ќерка Катерина била за одржување контакти со правобранителства на други држави. Биле ангажирани хонорарно законски поради потреби на институцијата која немала финансиска согласност за вработување, ни кажа генералниот секретар на Правобранителството.,

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе