Ракомет Спорт

РФМ со инцијатива за проширување на лигите

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука да се разгледа инцијативата за проширување на машката и женската елитна лига.

Во Федерацијата ќе се формира тело кое ќе ги разгледува сите опции на годишното собрание кое ќе се одржи јуни ќе го предложи бројот на екипи што ќе бидат членови на Супер лигите. Се очекува во елитното друштво да партиципираат 16 клуба што значи дека оваа сезона нема да има да тимови што ќе се преселат во понизок ранг, а новиот систем на натпреварување ќе важи од следното првенство.

На состанокот на Управниот одбор донесена е удлука за мобилизација на сите расположиви ресурси за организација и промоција на претстојното Европско првенство во женска конкуренција каде еден од кодомаќините е Македонија, а ќе се одржи во периодот од 4 до 20 ноември оваа година.

Во продолжение го пренесуваме во целост соопштението од денешната седница на УО на РФМ:

Согласно насоките и мерките за заштита и превенција од вирусот CoVid-19, Ве информираме дека денеска на ден 17.04.2022 (четврток) со почеток во 11.00 часот беше организирана седница на Управниот одбор на РФМ без физичко присуство, односно седницата на Управниот Одбор на РФМ се одржа преку zoom платформата online .

На одржаната седница на Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија меѓу останатите беа донесени и следните одлуки/заклучоци:

1. Формирање на Комисија за разгледување на предлози за промени во систем на натпреварување во младински лиги за сезона 2022/2023 година во состав на: Славе Николов (Комесар за натпреварување), Левче Китевски (Директор на Машки и женски репрезентации) и Александар Стефанов (Член на Управен Одбор на РФМ), со цел заеднички со клубовите учесници се изнајде модел на систем на натпревари, со кој би се зголемил бројот на натпревари во конкретна календарска сезона во интерес на развојот
на македонскиот младински ракомет;

2. Формирање на Комисија за разгледување на предлози од учесниците за систем на натпреварување на Женската сениорска лига за сезона 2022/2023 година во состав на: Славе Николов (Комесар за натпреварување), Мирјета Бајрамоска (Член на Управен Одбор на РФМ) и Гордана Нацева (Член на Управен Одбор на РФМ) во насока на зголемување на бројот на квалитетни натпревари;

3. Се задолжи Комесарот за спроведување на натпревари –Славе Николов да формира Комисија за спортски сали заеднички со претставници на ракометните клубови, во насока на дефинирање односно создавање подобри услови и стандарди за организирање на ракометните натпревари ;

4. Се донесе Одлука за усвојување на иницијативата поднесена од страна на ракометните клубови, за промена на националниот систем на натпревари за сезона 2022/2023 година во Супер Лига – мажи;

5. Се донесе генерален заклучок за мобилизација на сите расположливи ресурси за организација и промоција на престојното EHF Европско првенство во сениорска женска конкуренција кое во период од 04ти до 20ти Ноември 2022 година каде организатори се
националните федерации на SLO/MKD/MNE, како и за идните активностите на националните селекции сениорски и младински во машка и женска конкуренција.

6. Роковите за наведените активности на Комисиите се до 15.04.2022 година, кои ќе бидат презентирани на Управниот Одбор на РФМ во месец Мај 2022 година а Годишното Собрание на РФМ се предвиде да биде одржано во месец Јуни 2022 година.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе