Во јануари 2022 година е остварена годишна стапка на инфлација од 6,7%. Забрзувањето на годишната инфлација е одраз на порастот на регулираните цени на енергенсите, како и на растот на дел од прехранбените производи коишто имаат променлива динамика, беше соопштено на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.
Придонесот на базичната инфлација (инфлацијата од која е исклучено влијанието на цените на храната и енергенсите) кон растот на ценовното ниво е сѐ уште умерен и стабилен. Оттука, ценовните притисоци и натаму главно произлегуваат од фактори на страната на понудата, поврзани со промените на цените на глобалните пазари и влијанието на пандемијата.
Како што информираат од НБРМ, Народнат банка внимателно ги следи сите промени и доколку растот на цените е од продолжен карактер и позначително влијае на инфлациските очекувања, таа е подготвена за соодветна реакција со инструментите со кои располага.
