Вести Економија Топ вести

Јавниот долг достигна 60 отсто, држава нема план за здолжување и реализација на капитални проекти

Ковид кризата но и отуството на план за задолжување и реализација на капитални проекти се дел од причините поради кои јавниот долг ја достигна критичната граница од 60 отсто од бруто домашниот производ стои во последниот извештај на Заводот за ревизија.

Во бројки кажано јавниот долг достигна вртоглави седми милијарди и 135 милиони евра што значи дека државата го задолжила секој секој граѓанин за 3.567 евра

Секторот за управување со јавниот долг нема доволно капацитети и е неефикасен а при подготвувањето на Буџетот воопшто не е предвиден посебен план за  задолжување кој би го одобрило одсносно усвоило Собранието на РМ.

Во Ковид кризата јавниот долг е зголемен за 15 п.п. од БДП и постигнат е лимит на јавен долг од 60% од БДП што може да ја доведе во прашање прудентноста и одржливоста на јавниот долг во иднина.  Отсуството на посебен закон/подзаконски акт или стратешки документ за водење на јавните финансии во исклучителни околности /кризна/вонредна состојба претставува ризик во управувањето со јавниот долг, велат од Државнито завод за ревизија.

Според ревизорите во Македонија, 75 отсто од вкупниот јавен долг, односно 88 отсто од државниот долг е за финансирање на буџетскиот дефицит поради проектирани повисоки расходи од приходи.

Тие укажуваат на фактот дека процентот на реализација на капиталните проекти е исклучително низок, тие се бираат без прецизни и јасни критериуми, нема методологија за селекција на проектите ниту пак следење и надзор врз нивната реализација што директно влија врз ефикасното и економично користење на буџетските пари и со тоа управување со јавниот долг.

Ревизорите укажуваат дека при подготовката на Буџетот во Владата не предвиделе дека треба да има посебен план за задолжувањето со цел да се регулира прецизно и тој план да биде одобрен од Собранието. Не се регулирани ниту голем број од клучните постапки

Постапката за издавање на еврообврзница, постапката за преговори на условите на заемот и постапка за доделување на „онлендинг“ позајмувања на носителите на јавен долг не се целосно уредени преку одредби во законската регулатива, подзаконски акти или интерни процедури, велат од дзр.

Во извештајот се потенцираат и недоволните капацитети во Секторот за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг во Министерството за финансии  што директно влијаат на ефикасноста со управувањето со јавниот долг.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе