Вести Економија Најважни

Цените се одмрзнуваат, инфлацијата расте, како и загриженоста на граѓаните

За две недели се одмрзнуваат цените на прехранбените производи. На 1 март истекува рокот на траење на владината мерка за замрзнати цени на лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, млекото, месото, млечните производи, оризот, јајцата и тестенинините, на ниво на цената од први декември. Владата ќе се обиде да спречи зголемување на цените со утврдување на маржите во трговијата на големо и мало. Но, граѓаните се загрижени. Ниските примања и сега едвај им стигнуваат за живот. Сметките на каса се сѐ поголеми, а корпите попразни. Приоритет им се лековите и сметките.

Народна банка го потврди стравот на граѓаните. Инфлацијата е повисока од очекуваното, и најверојатно ќе се задржи подолго од очекуваното.

Во јануари е остварена годишна стапка на инфлација од 6,7 проценти, а забрзувањето е одраз на порастот на регулираните цени на енергентите, како и на растот кај дел од прехранбените производи. Инфлацијата е над проекцијата, а очекувањата за идната динамика на увозните цени е коригирана во нагорна насока, со што ризиците на краток рок се нагорни. Сепак, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на растот на овие цени во втората половина на годината и со тоа намалување на инфлациските притисоци, соопштуваат од Народната банка.

Министерот за економија, најави дека, следните две недели ќе има средби со сите засегнати страни, посебно со производителите и трговците со прехранбените производи, за да се најде начин да нема зголемување на цените.

Од Сојузот на стопански комори го поддржуваат овој пристап.

Од Сојузот нагласуваат дека, ако не се следи реалната цена, ако се замрзнати цените на извозот, државата мора да субвенционира енергенси, со активирање на стоковите резерви. Во спротивно, фирмите ќе ја платат цената и ќе одат во банкрот.Го чекаат повикот од  владата за да ги понудат своите решенија и се надеваат на компромис, затоа што, велат, и тие се на прагот на издржливост.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Втора победа на Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон, ја дели уште една до главниот турнир

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе