Вести Свет

Контроверзниот Луковмарш во Софија под силно полициско обезбедување

Пред самиот почеток на церемонија во спомен на генерал Христо Луков во Софија, позната како Луковмарш, организиран од Бугарскиот национален сојуз, градските власти одлучија да го забранат.

Учесниците во маршот се поделија во три групи, кои полицијата ги спроведуваше до куќата на Луков, каде ќе ги запалат факлите и ќе положат цвеќе во чест на генералот Луков.

Христо Николов Луков е контроверзна фигура во бугарската историја. Од една страна е одликуван офицер кој учествувал во Балканските војни и Првата светска војна, и бил министер за војна на Царска Бугарија од 1935 до 1938 година. Но од друга страна, основал и предводел ултрадесничарско здружение по присилното пензионирање од воената служба, наречено Сојуз на бугарските национални легии, во чија реторика, дејствување и симболи многумина препознаваат корелација со националсоцијалистичкиот режим на Третиот Рајх и фашистичкиот режим на Бенито Мусолини во Италија.

Луков е убиен на 13 фебруари во Софија, пред неговиот дом, во атентат организиран од Комунистичката партија на Бугарија, како дел од кампањата на комунистите за отстранување на политичари и офицери за кои сметале дека ја туркаат Бугарија кон војна со Советскиот Сојуз и влегување во сојуз со Нацистичка Германија.

Маршот се одржува прв пат по пауза од две години, откако во 2020 година градските власти го забранија врз основа на пресуда од Врховниот административен суд на Бугарија. Истата година било предвидено во маршот учество да земат и неонацисти од Гермнаија, но ваквите планови биле расипани од германската полиција, која на аеродромот во Дортмунд привела 10 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе