Вести Економија Свет

Европската централна банка издаде предупредување за можен руски кибер напад

Европската централна банка (ЕЦБ) ги подготвува банките за можен кибер напад поддржан од Русија во услови на ескалација на тензиите со Украина.

Конфликтот меѓу Русија и Украина ги потресе политичките и деловните лидери кои стравуваат од инвазија која ќе му наштети на целиот регион. Затоа ЕЦБ, на чело со поранешната француска министерка Кристин Лагард, која ги надгледува најголемите европски кредитори, е во состојба на готовност поради заканата од кибер напади преземени од Русија.

Досега ЕЦБ беше фокусирана на вообичаените измами време на пандемијата, но кризата во Украина го насочи вниманието кон кибер нападите од Русија.

Според неименуван извор, ЕЦБ ги прашала банките за степенот на нивната заштита. Тој тврди дека банките спровеле  вежби за да ја тестираат нивната способност да одбијат кибер напад.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе