Вести Економија

„Макпетрол“ ја намали цената на КПГ-метанот за 13 отсто

Како резултат на одличниот договор што компанијата го постигна со „Гаспром“, во февруари „Макпетрол“ ќе ги намали цените на метанот (КПГ – компримиран природен гас), како и на природниот гас. Споредено со јануари, малопродажната цена на метанот е пониска за 12.74%, односно 14 денари за килограм и сега изнесува 96 ден./кг. За 204 евра за 1.000 нормални метри кубни, пак, се намалува цената за природниот гас.

Имајќи ја предвид нашата долгогодишна професионална соработка со „Гаспром“, како и поради фактот што „Макпетрол“ е единствената компанија што од земјава потпишува и остварува вакви договори, така и на овој план постигнавме одлична спогодба, што ни обезбеди цена за 30 проценти пониска од берзанската. И покрај глобалната енергетска криза, за нашите деловни партнери во февруари тоа ќе се рефлектира со подобрена понуда и во малопродажбата на метанот и во големопродажбата на природниот гас – истакнуваат од компанијата.

Капацитетот на „Макпетрол“ на планот на нафтените деривати, како и на другите енергенси, е единствен на македонскиот пазар, односно се работи за бренд чие што 75-годишно искуство и расположлив кадар овозможува да постигнува вакви резулати сè со цел на своите деловни партнери да обезбеди најквалитетни енергенси по најповолни цени.

 И покрај енергетската криза што го зафати секој дел од светот, а нејзиното влијание особено се чувствува на европскиот континент, „Макпетрол“ врши стабилна и навремена испорака и на ЦНГ-метанот и на природниот гас. Продолжувајќи во насока на досегашната политика на компанијата, „Макпетрол“ и во периодот што следува ќе продолжи да инвестира и да го унапредува овој сегмент од своето работење.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе