Премиерот Ковачевски пак попладнево на Фејсбук напиша: „Владата е на страната на работниците“, со ветување за зголемување на минималната плата, но без да ја прецизира сумата.
„Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата.
Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните“, напиша Ковачевски на Фесбук.
