Вести Економија Најважни

Со Гуливер до Софија за прв авионски лет од Скопје во должина од 174 километри

Министерот Бочварски најави дека првиот комерцијален лет од Скопје за Софија ќе биде изведен на 11-ти февруари за што се согласила туристичката компанија Гуливер. Планот за редовна линија меѓу двата главни града кои се оддалечени 174 километри по воздух е – од март, но ќе се утврдува на состанокот на двете државни комисии за инфраструктура после премиерниот авионски лет.

Летот нема да носи обични патници туку ќе ги качи само македонската и бугарската делегација од ресорните министри за трансорт и туроператори од двете држави.

– На 11 февруари во Скопје ќе организираме заедничка средба со туроператорите од Северна Македонија, каде што очекувам да се најдат сите поволности и можности и најдобри солуции за граѓаните, за да во иднина оваа линија биде операбилна и да може да оперира редовно на релација Софија – Скопје и секако  уште една дестинација која ќе биде дополнителна можност за граѓаните, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на Кочани.

Прашан кога ќе профункционира редовната авиолинија Бочварски посочи дека постои можност за во текот на следниот месец, укажувајќи дека предлозите околу оперирањето на авиолинијата ќе бидат разгледани на средбата на 11 февруари.

-Очекувам на средбата во Скопје на 11 февруари туроператорите кои имаат најдобри сознанија во однос на сите овие постапки и на можностите кои ќе се понудат од нивна страна веројатно можноста е на почетокот, односно во текот на март да се отвори таа редовна авиолинија. Но сепак, пак ќе кажам, очекувам тоа да  произлезе од страна на искусните, професионалците, туроператорите од двете земји, кои ќе ги дадат можностите и ќе дадат свои предлози, каде е најпотребно да оперира оваа авиолинија освен на релацијата Скопје  – Софија и водејќи се од тие сознанија секако дека ќе донесеме одлука што ќе биде од интерес на граѓаните, рече Бочварски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нацрт-документот оди на ревизија – одложено гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН

Дејан Дејан

Поскапува задолжителната осигурителна полиса – нови цени за регистрација на возила

Дејан Дејан

Рокот за приговори за постапката за гласање е до 19 часот, до полноќ за сумирање на резултатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе