Ракомет Спорт

Вардар поразен од Нексе на стартот од новата сезона во СЕХА

Ракометарите на Вардар продолжуваат со лошата серија на резултати во меѓународните натпреваувања. Македонскиот првак на стартот од новата сезона во СЕХА лигата е поразен од Нексе со 25:24.

Гостите од Нашице добро го отворија натпреварот и во првиот дел беа во постојана предност која во најголемиот дел се движеше меѓу два и три гола, а на момент Нексе водеше и со четири погодоци разлика.

Црвено-црните имаа одличен почеток на второто полувреме. Во првите три и пол минути ја анилираа предноста на противникот од два гола и поведоа со 15:13.

Сепак составот предводен од новиот тренер Давид Дејвис не успеа да обезбеди поголема предност, а до крајот на мечот се играше гол за гол во која двата тима се менуваа во водството.

На пет минути пред крајот Вардар водеше со 23:22, но гостите со серија од 3:1 во завршните секунди влегоа со предност од 25:24, а нашиот состав во последниот напад не успеа да се избори за нерешен резултат.

Најефикасни во редовите на македонскиот првак со пет гола беа Тимур Дибиров и Јоел Моралес, а по три пати прецизни беа Оливие Ниокас и Гоце Георгиевски. Голманите Борко Ристовски и Мартин Томовски комбинирано имаа седум интервенции.

Во гостинскиот состав прв стрелец со шест гола беше Фахрудин Мелиќ, а голманите Доминик Кузмановиќ и Михајло Радовановиќ забележаа вкупно 13 интервенции.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каратистите на клубот „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Дејан Дејан

Официјално: Жиру го напушта Милан и продолжува во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Заборски петти на ЕП во Задар, машкиот тим во борби го освои 7.место

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе