ПСЖ по завршувањето на оваа сезона планира да ја прекине соработката со тренерот Маурисио Покетино, кој нема импресивни резултати откако лани беше назначен за наследник на Томас Тухел.
Челниците на тимот од Париз веќе се во преговори со Зинедин Зидан, кој е без ангажман откако лани ја напушти клупата на Реал Мадрид. „Светците“ веруваат дека токму легендата на Франција може да ги одведе до титулата во Лигата на шампиони. Подготвени се да му понудат годишна плата од 12 милиони евра и секако огромен буџет за засилувања.
