Спорт Фудбал

Сенегал и Буркина Фасо за финале на АФКОН

Денеска ќе биде познат првиот финалист на Купот на Африкански нации. Во првото полуфинале се среќаваат селекциите на Сенегал и Буркина Фасо.

Репрезентацијата на Сенегал има можност по втор пат едно по друго да се пласира во финалето на континенталниот шампионат. По поразот од Алжир пред три години, Сенегалците и натаму се без трофеј на Купот на Африка и составот предводен од Садио Мане смета дека по два порази во финалето конечно дојде моментот да се стигне до тронот.

И Буркина Фасо чека на првиот пехар. Пред девет години беа сензационални финалисти, но тогаш последна пречка беше Нигерија. За Буркина Фасо ова е трето полуфинале во историјата откако за настап во решавачкиот меч за титулата пред 24 години на домашен терен беше запрена од Египет.

Двете селекции до овој момент 12 пати играле меѓу себе, Сенегал има три победи, два пати се радувале фудбалерите на Буркина Фасо, а дури седум меча завршиле без победник. Тринаесеттото соочување се игра на стадионот во Дуала и почнува во 20 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа на една победа од историски пласман на Вимблдон

Sportska Redakcija

Историска вечер за Модриќ – 200 натпревари во дресот на Хрватска

Sportska Redakcija

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе