Вести Македонија Најважни

Телма дознава: Пецаков ќе добие кривична пријава – додека чекал резултати од Ковид-тест требало да е во самоизолација

Полицијата и охридскиот Центар за јавно здравје проверуваат како и на кој начин градоначалникот на Охрид ги прекршил Ковид-протоколите.

Пецаков во средата беше фотографиран како се поздравува и прегрнува и во добро расположение ама без маска, го прославува големиот празник Водици. Само тој знаел дека очекува резултати од тестирање.

Телма од свои извори дознава дека поради прекршување на задолжителната самоизолација против него ќе биде поднесена и кривична пријава.

Во меѓувреме, од МВР испратија кусо официјално соопштение.

„СВР Охрид во координација со Центарот за јавно здравје презема мерки и активности за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопштуваат од МВР.

Градоначалникот Пецаков тврди дека ПЦР-тестот кој бил направен утрото на 19 јануари бил направен рутински за да влезе во друга земја бидејќи веќе имал уплатено аранжман за зимување.

Информира дека нема никакви симптоми, а поради сомнежи направил и втор тест и тој резултат е негативен.

„Вечерта на 19 јануари ми пристигна меил дека сум позитивен, а сопругата негативна. Заради тоа што бев убеден дека резултатите не соодветствуваат со мојата здравствена состојба, за 36 часа направив нов ПЦР тест којшто е негативен“ вели градоначалникот на охрид, Кирил Пецаков.

Во Април 2020 година, времето кога во Македонија почнуваше кризата поради светската пандемија, Владата на седница усвои повеќе уредби, а едната беше токму за самоизолацијата.

Не само позитивните пациенти, туку и оние коишто сè уште очекуваат резултати од тестирање, не смеат да имаат контакт со други луѓе.

 „Според оваа уредба, сите домашни и странски физички лица, симптоматски и асимптоматски на кои им е извршено тестирање за присуство на коронавирус, се ставаат во задолжителна самоизолација и тоа од моментот на земање на материјалот за тестот, па се до добивање на негативен резултат. Доколку лицето добие позитивен резултат, тогаш самоизолацијата со решение од ДСЗИ преминува во домашна изолација. Значи сите лица коишто се тестираат, без разлика дали тоа е за сертификат за патување како асимптоматски или симптоматски, се задолжителни да го чекаат резултатот во самоизолација“ вели Иринка Сотирова – Бухова, Директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Пецаков во моментов има решение за домашна изолација поради позитивниот текст, бидејќи тој се зема предвид од епидемиолошки аспект.

Тој во средата беше присутен на масовното одбележување на Водици во Охрид, а во јавноста веќе се појавија информации и дека стотици охриѓани кои биле во контакт со него во средата сега бараат термини за тестирање.

И не само со неговите сограѓани, туку градоначалникот беше во контакт и со евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – некој од нив со, но некој и без основното – заштитна маска.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Двајца министри од грчката Влада поднесоа оставки- Мицотакис им се заблагодарил за соработката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе