Вести Економија

Штипјани можат да ја користат водата од Хидросистемот „Злетовица“

Првичните резултати на водата за пиење од Злетовица покажаа дека е квалитетна и добра за користење. Се очекува од 1 март низ чешмите на штипјани да потече вода од најсовремениот систем за водоснабдување. Ова ќе значи и спас на штипското комунално претпријатие од високи сметки за струја, бидејќи производството на вода од Злетовица е поевтино, отколку од бунарскиот систем.

 

Штипјани можат да ја користат водата од Хидросистемот „Злетовица“ покажаа првичните резултати на Белгардскиот институт за јавно здравје. Анализите се очекуваат деновиве и официјално да пристигнат во  Институт за јавно здравје во Скопје. Штипскиот градоначалник, Иван Јорданов вели дека водата од Злетовица се очекува и официјално да се пушти низ водоводниот систем за месец и половина.

 

Користењето на водата за пиење од Злетовица ќе значи и пониски сметки за струја. Штип спасот од енергетската криза и високите трошоци кои ги има за електрична енергија за пумпите во бунарискиот систем го гледа токму во Злетовица. Од 1 јануари штипски „Исар“ е на слободниот пазар за електрична енергија, па новата сметка се очекува наместо пет милиони да изнесува над 15 милиони денари. Зголемените сметки за струја ќе значи и намалување на реализацијата на капиталните проекти. 

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп со барање до Конгресот: Одобрете 87 милијарди долари за трошоците од војната со Иран

Sasko Dimovski

(Видео) Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

Sasko Dimovski

(Видео) Клековски: Лани потрошени околу 178 милиони евра за лекови на рецепт

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе