Ракомет Спорт

Митревски во составот за дуелот со Црна Гора

Познати се составите на репрезентацијата на Македонија и Црна Гора за денешниот натпревар на Европското првенство.

Одлична вест е дека селекторот Кирил Лазаров на располагање го има голманот Никола Митревски, кој вчера пристигна во Дебрецин и доби дозвола од ЕХФ да се најде во составот за вечерашниот натпревар.

Кај Црногорците во екипата се враќаат Стефан Чавор и Небојша Симовиќ додека се уште не е извесно дали на клупата ќе седи селекторот Зоран Рогановиќ за кој се уште се чека резултат од последното тестирање.

Натпреварот во Дебрецин почнува во 18 часот.

МАКЕДОНИЈА

  1. Никола Митревски
  2. Мартин Велковски
  3. Стојанче Стоилов
  4. Цветан Кузмановски
  5. Игор Ѓоргиев
  6. Филип Талески
  7. Мартин Томовски
  8. Филип Миркуловски
  9. Кристијан Симоновски
  10. Градимир Чаневски
  11. Филип Кузмановски
  12. Ненад Костески
  13. Гоце Георгиевски
  14. Горан Крстевски
  15. Жарко Пешевски
  16. Бојан Маџовски
  17. Мартин Серафимов
  18. Костадин Петров
  19. Марко Мишевски

 

ЦРНА ГОРА

  1. Никола Матовиќ
  2. Филип Вујовиќ
  3. Стефан Чавор
  4. Вук Лазовиќ
  5. Радојица Чепиќ
  6. Бранко Вујовиќ
  7. Миле Мијушковиќ
  8. Мирко Радовиќ
  9. Милош Вујовиќ
  10. Небојша Симиќ
  11. Василије Калуѓеровиќ
  12. Небојша Симовиќ
  13. Стеван Вујовиќ
  14. Васко Шеваљевиќ
  15. Божидар Симиќ
  16. Милош Божовиќ
  17. Марко Ласица

ФОТО: Петр Стојановски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа на една победа од историски пласман на Вимблдон

Sportska Redakcija

Историска вечер за Модриќ – 200 натпревари во дресот на Хрватска

Sportska Redakcija

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе