Економија Магазин

Тајните купувачи и Скопје го избраа ВЕРО за најдобар супермаркет во 2021-ва

Град Скопје го прогласи Веро за најдобар супермаркет за 2021 година, во рамки на традиционалната манифестација „Месец на трговијата“ на која градските власти во соработка со агенцијата SWOT Research ги избираат најдобрите трговски објекти во осум категории.

Веро ја доби првата награда во категоријата супермаркети. Оваа награда се доделува според оценките на независни и објективни тајни купувачи, кои во текот на ноември ги посетуваа трговските објекти и го оценуваа квалитетот на услугата што тие ја нудат според однапред утврдени критериуми.

Различни тајни купувачи имаа три посети на супермаркетите, при што го оценуваа изгледот на продажното место, првиот контакт со вработените, спроведување на ковид-19 заштитните мерки, услугата кон купувачите, продажните вештини на вработените, завршниот контакт со купувачите и генералното задоволство од купувачкото искуство.

Веро доби највисоки вкупни оценки во сите категории, со што го освоија првото место пред останатите оценувани супермаркети.

Плакетата за најдобар супермаркет ја прими генералниот директор на Веро, Петар Денковски од претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Денковски им се заблагодари на потрошувачите за нивната доверба во Веро и за долгогодишната лојалност кон овој бренд.

– Дури и во време на пандемија успеавме да го одржиме највисокото ниво на услуга и безбедност, за што е заслужен целиот тим на Веро. Постојано ги следиме најновите светски трендови во малопродажбата и ги имплементираме во нашето работење со цел на потрошувачите да им овозможиме врвно шопинг-искуство, најквалитетна услуга и најголем избор на производи. Продолжуваме да ја градиме нашата успешна приказна заедно со нашите ценети потрошувачи – изјави Петар Денковски, генерален директор на Веро.

Манифестацијата „Месец на трговијата“ годинава се одржа по 15. пат. Нејзината цел е да го истакне значењето на квалитетот на услугите кон потрошувачите, како и да го подигне нивото на квалитет во трговските објекти во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вчера имало проблем со електроенергетската мрежа во Македонија и можело да има сличен колапс и снемување струја како денеска во половина балкански држави, тврдат во БиХ?

Дејан Дејан

Во 5 држави низ Балканот снема струја- почна од Црна Гора, се прошири на БиХ, Далмација во Хрватска, Албанија, а стигна и до Грција

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Дали бродови и книги од Тито ја поскапуваат струјата?- ХоризонТелма Еп.20

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе