Актерот Џејмс Мајкл Тајлер, кој го играше менаџерот на кафуле Гантер во хит серијата „Пријатели“, почина на 59-годишна возраст, објавија американските медиуми.
Тајлер почина во својот дом во Лос Анџелес откако се бореше со рак на простата, кој му беше дијагностициран во 2018 година.
„Светот го знаеше како Гантер (седмиот „Пријател“), од хит серијата „Пријатели“, но најблиските на Мајкл го познаваа како актер, музичар, борец против ракот и сакан сопруг“, се вели во соопштението од семејството на Тејлер.
Неговиот лик од „Пријатели“ се појави во околу 150 епизоди во сите 10 сезони на најпопуларната серија од 1990-тите години.