Проф. д-р Атанас Вангелов почина денеска на 75-годишна возраст.
Пред две недели Вангелов стана лауреат на наградата „11-ти октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието. Професор и научник од европски формат, исклучителен познавач на јазикот, критичар, теоретичар на книжевноста, на уметноста и културата.
Меѓу многубројните дела на Атанас Вангелов значајни се 15 студии, критики со изразито полемички потенцијал, а меѓу нив тој врвен дострел постигнува со оние што се посветени на творештвото на Блаже Коневски, лирската биографија на Конески.
Роден е во Богданци на 6 февруари 1946 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје, каде станал доктор по филолошки науки и работеше како професор. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, лектор по македонски јазик и литература во Париз, а работел и како новинар во Радио Скопје. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи”. Од 1967 година членувал во Друштвото на писатели на Македонија.
Вангелов е автор на книгите:
Земјата на цветот (поезија, 1966),
Препев на планината (поезија, 1970),
Мистер Порфирие (телевизиска драма, 1971),
Живеалиште (поезија, 1974),
Глетки и пивиденија (поезија, 1977),
Песме / Песни (1978),
Артизмот и современата македонска поезија (студија, 1978),
Преданија (поезија, 1978),
Литературни студии (1983),
Строго доверливо (поезија, 1985),
Решето (критики, 1985),
Неодредени лични заменки (драма, 1986),
Семантички фигури во македонската народна лирика (студија, 1987),
Траги (поезија, 1991),
Преписите на Божин Павловски (студија, 1992),
Микрочитања (критики, 1993),
На безгласје глас (поема, 1994),
Гласови и траги (поезија избор, 1995),
Исказот и стварноста (критики),
Водопад (поезија, 1998),
Морфологија на бо(љ)шевизмот(студија, 1998),
Проетцонтра македонизми (критики, 1998).