Култура

Ана Дурловски: Да се отворат театрите за човештвото да просперира

Да се отворат театарските сцени , за човештвото да може да просперира, апелира сопранот Ана Дурловски, примадона на нашата Национална опера и реномирана певица од светски глас, во македонската порака упатена во пресрет на 25 октомври- Светскиот ден на операта. Зад  организацијата на лиферувањето на пораката стои Македонскиот центар при Интернационалниот театарски институт- УНЕСКО.

Во ова време-невреме, музичкиот театар е сведен на егзистенционален минимум, и тлее како иронична сенка, во целосна депресија. Свесни сме дека за човештвото да може да просперира, ќе мора слободно да се отворат театарските сцени, а публиката без ограничувања, да учествува во жива интеракција со отелотворените ремек дела, вели Дурловски

Возбудата и ентузијазамот и понатаму се главен двигател за остварување на мојата мисија, објаснува примадоната.

Нема поголема стимулација од онаа некому да му ги разбудиш емоциите, да му ја поттикнеш мислата, објаснува Дурловски

 

Не случајно се вели дека уметноста може да те издвои, но и да те соедини со светот. Затоа, во ова време на пандемија, во кое вирусот Ковид- 19 го гасне светлото на рефлекторите, повеќе од неопходна ни е комуникацијата со уметноста, со културата,низ нив да се преиспитуваме, да бидат нашата надеж, нашата иднина, додава Ана Дурловски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Концертот на Пласидо Доминго ја позиционира Македонија на светската културна сцена

Дејан Дејан

Концерт на џипси музика „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ под диригентската палка на Тимоти Редмонд

Дејан Дејан

Отворен повик за наградата на ЕУ за Ромската интергација 2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе