Економија Топ вести

Прекројување на домашниот буџет и сè попразни потрошувачки кошнички, се очекувањата на граѓаните

Вчерашната најава на прехранбениот сектор за поскапување на продуктите за 50%, ден потоа донесе лавина реакции. Граѓаните се разочарани и свесни се дека поскапувањето би значело прекројување на домашниот буџет и сè попразни потрошувачки кошнички. Цените и во моментов се високи, а што со дополнителните поскапувања, велат тие и анализираат дека македонскиот стандард не може да се мери со другите земји, иако поскапувањето на прехранбените производи се смета како универзално.

Највисоките владини претставници денес најавуваат мерки – вицепремиерот за економски прашања Битиќи не сакаше да открие како ќе интервенира Владата, додека пак, неговиот колега од Владата, министерот за економија Бектеши спомена и замрзнување на цените како начин за справување со ситуацијата. Според премиерот Заев, претерано е да се зборува за поскапување од 50%.

Од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ велат дека поскапувањето коешто ќе се случи е очекувано, но привремено, а стабилизација може да се очекува со санирање на последиците од Ковид-кризата. Од Стопанската комора велат дека нема да се случат нагли зголемувања, но мора со мерки да се контролира за колкаво зголемување на цените ќе станува збор.

Климатските промени, недостигот на работна сила, скапиот транспорт и енергенсите се дел од причините на кои се препишува растот на цените и глобално и кај нас. Ценовниот шок се очекува до Нова година и зголемени ќе бидат цените на лебот, брашното, маслото, млекото, месото и сите други прехранбени производи.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Боцевски во „Топ тема“: Пендаровски зборува како кандидат за премиер, го мобилизира членството на СДСМ и го глуми Зоран Милановиќ

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ во „Топ тема“: Следи тесна битка за претседател меѓу двајца кандидати, Македонија нема да погреши со било кој од нив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе