Македонија Топ вести

(видео)Протест во Скопје и Струмица против рестриктивните мерки за невакцинираните граѓани

Под мотото „Стоп за присилната вакцинација“ вечерва во Скопје се одржа протест на граѓани кои го изразија своето незадоволство од најавените рестриктивни мерки кои треба да стапат на сила од утре, а со кои во угостителските објекти ќе можат да влезат само вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19 изминатиот месец ипол.

Според присутните на протестот, со новите мерки им се ускратува слободата, се кршат човековите права и се дискриминираат оние граѓани кои не сакаат да се вакцинираат.

– Сите имате избор, бидете слободни, бидете дел од народот. Се кршат човековите права, ова е битка помеѓу злото и доброто, рекоа присутните.

Под мотото „Марш за слобода и еднакви права“ вечерва во Струмица се одржа протест против новите мерки за Ковид-19.

Учесниците побараа да не се посегнува со имунизирање на децата под 18 години и од 1 септември да се вратат нормално во училишните клупи, како и да не се прави индиректна финансиска штета на компаниите со мерките.

Како што беше кажано, инфицираните со Ковид-19, со создаден природен имунитет, да се третираат исто како имунизираните со вакцина и никој да не биде ставен во ситуација да прави избор меѓу вакцина и работно место, за што апелира и Европскиот совет.

Граѓаните сметаат дека мерките што ќе се применуваат од утре се дискриминаторски и нелогични и со нив луѓето се наведуваат на задолжителна имунизација против Ковид-19.

„Протестот е уставно загарантирано право, но исто такво е и правото на здравје. Мерките кои ги предлагаме се веќе докажано ефикасни, а вакцинацијата единствен начин да се бориме против вирусот. Ако порано за бенефитот од вакцините слушавме само од вестите од светот или читавме во медицински студии, денеска веќе можеме да го потврдиме, со она што се случува кај нас. Фактот што дури 90% од новозаразените последната недела се невакцинирани и исто толкав процент од хоспитализираните, е недвосмислена потврда за ефикасноста на вакцините“, стои во реакцијата на министерот за здравство Венко Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Детето кое нападна ученици и наставничка да биде испишано – родители на деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ со петиција до МТСП

Дејан Дејан

Една година кризна состојба во затворот „Идризово“

Дејан Дејан

Илјадници починати, милиони изложени на радијација – светот одбележува 38 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе