Македонија

Јовевски тврди дека етичкиот кодекс не ги замолчува обвинителите

Јавниот обвинител, Љубомир Јовевски, за Телма вели дека во ниту еден член етичкиот кодекс не забранува јавно зборување, коментирање и изјави за предмети во постапуваат јавните обвинители.

Тој го цитира членот 3 од етичкиот кодекс, каде се вели: Јавните обвинители, како и секој друг граѓанин, имаат право на слобода на изразување на својата мисла, вероисповед, здружување и собирање во стручни организации, заради заштита на своите професионални интереси, но, во остварувањето на тие нивни права се должни да го чуваат угледот на обвинителската функција и нејзиното непристрасно и самостојно извршување и пропишаните обврски во законите, подзаконските акти и Етичкиот кодекс.

Потоа, Јовевски го подвлекува и членот 12, кој пропишува дека: Јавните обвинители во својата слобода на говорот мора да се воздржуват од изразување на оцени, мислења и стојалишта кои во јавноста може да предизвикаат сомневање во нивната непристрасност, независност и објективност во извршувањето на функцијата.

Според јавниот обвинител,  Етичкиот кодекс не забранува, туку ја поттикнува транспарентноста во работењето, дополнувајќи дека  јавните обвинители се должни во случај на оправдан интерес на јавноста, во рамките на законот да дадат објективна информација имајќи ги притоа во вид сите околности на конкретниот случај, а особено интересот на постапката, правата на осомничениот или обвинетиот, правата на жртвата и другите учесници на постапката.

Јовевски посочува и дека Јавните обвинители или лицето кое што го овластиле за тој случај се должни на медиумите да им дадат што е можно пообјективна информација, која во тоа време е оправдана и дозволена со оглед на стадиумот на кривичната постапка. За евентуални дополнителни информации, медиумите и јавноста ќе ги упатат на Службата за односи со јавноста во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

“Оттука, со донесување на Етичкиот кодекс на јавните обвинители се поттикнува градење на модерно, стручно и транспарентно јавно обвинителство и никаде не е предвидена забрана за јавен настап на јавен обвинител. Етичкиот кодекс е донесен од Советот на јавни обвинители. Со Етичкиот кодекс се потикнуваат јавните обвинители својата работа да ја вршат врз основ на принципите на самостојност, непристрасност, интегритет, спречување на судир на интереси, ефикасност и стручно постапување, професионалност, достоинство и воздржаност. Со почитување на овие принципи, јавните обвинители градат неприкосновена, независна , стручна професија која обезбедува правна сигурност и доверба за граѓаните” – вели во изјавата за Телма, Љубомир Јовевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе