Вести Македонија

Советот на обвинители тврди дека етичкиот кодекс не забранува јавно зборување на обвинител

Претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски тврди дека ниту еден обвинител немал забелешки на етичкиот кодекс кој бил усвоен во мај а со кој се регулира начинот на работењето, постапувањњето и настапот во јавноста на јавните обвинители. На обвинителите не им се нарушува самостојноста ниту пак им се забранува јавно да зборуваат, но тие мора да внимаваат на деталите од постапките кои ги изнесуваат во јавноста, вели Колевски.  Кодексот бил подготвен од страна на Здружението на јавни обвинители.

Одредбите од етичкиот кодекс ги откри обвинителката Ленче Ристовска . Тврди дека ова е обид да се замолчат обвинителите, да им се забрани не само јавно да зборуваат и даваат изјави туку и да ги информираат и известат надредените каде одат, што прават , да ги применуваат задолжителните упатства од повисоките јавни обвинителив во спротивно следува дисциплинска постапка.Членот 17 прОва според неа е спротивно на законот за Јавно обвинителство.

Во членот 10, став 4 од кодексот стои,, Јавните обвинители кога ќе примат од повисокиот Јавен обвинител напатствија за постапување во одредени предмети, ќе се воздржат за тоа да даваат известувања или коментари од други,,.Членот 17  забранува давање изјави  на обвинители во врска со судењата во кои се странки. Ваквите одредби од кодексот според обвинителската Ристовска ќе доведат до целосна затвореност и нетранспарентност на обвинителите.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе