Спорт Тенис

Познати се полуфиналните двојки на Вимблдон во женска конкуренција

Првата фаворитка на Вимблдон, Ешли Барти за прв пати ќе игра во полуфиналето на овој грен слем турнир. Таа денеска лесно и убедливо ја совлада Аља Томљановиќ со 6-1 и 6-3. Следна противничка на Австралијката ќе биде победничката од 2018  година Анџелик Кербер, која пак денеска ја совлада Каролина Мухова со 6-2 и 6-3.

Каролина Плишкова исто така се пласираше во полуфиналето откако денеска во два сета со по 6-2 и 6-2 ја совлада Викторија Голубиќ. За тенисерката од Чешка ова е прво полуфинале во Лондон, а таму ќе игра со Арина Сабаленка, која беше подобра од Онс Жабер со 6-4 и 6-3.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Серена и Венус Вилијамс добија вајлд-карта за Вимблдон

Sportska Redakcija

Проблем за Тухел пред стартот на Мундијалот: Ливраменто отпадна од составот на Англија

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе