Вести Македонија Топ вести

Засилена националистичката реторика во Бугарија

„Дејствија против добрососедството и пријателството„. Вака владата ги оцени провокативните пораки и националистичката реторика на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, како  и  во официјалниот спот на партијата ВМРО БНД, кој е дел од кампањата за претстојните парламентарни избори во Бугарија. Велат дека, владите на двете земји со последната посета на премиерот Заев во Софија упатиле јасни пораки дека се посветени да градат позитивни односи и  доверба, со цел надминување на разликите.

„Ги охрабруваме сите фактори да се движат по патот на дијалогот и довербата и да помогнат на двата народи и двете држави побрзо да се дојде до посакуваното решение.  Сите дејствија на кој било фактор, кои одат спротивно од дијалогот, од грижата за другиот и од градењето на доверба, се дејствија против добрососедството и против пријателството„.

Спотот, кој Џамбаски го промовираше на фејсбук, изобилува со скандалозни пораки и снимки од Скопје и од Охрид.

Македонија е бугарска. Факт на кој не му треба доказ. Факт што Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. И тој се сеќава само кога ќе побара нешто. Бугарија отсекогаш ја сакала Македонија. Но, Бугарија не треба да биде уценувана!

Речиси секоја  објава на на фејсбук на европратеникот Џамбаски изобилува со навредливи и националистички пораки за Македонија. Тој е познат и по говорот на омраза кон Ромите во Бугарија.

Не заостанува многу зад него ниту претседателот на партијата, Каракачанов, кој пак,  му префрли на Борисов затоа  што зборувал за „два народа“ и „две нации“, иако самиот Заев зборувал за еден народ. Тој го нарече и македонскиот национален тим „репрезентација на другата бугарска држава“.

Оваа реторика, што предизборно се очекува и да се засилува, влијае и на јавното мислење. Според неодамнешното истражување на Галуп во Бугарија, 70 отсто од испитаниците се против тоа, да се укине ветото за пристапување на Македонија во Европската унија.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе