Спорт Фудбал

Финска еднаш шутна кон голот на Данска и победи

Финска ја совлада Данска со минимални 1-0 во рамки на натпреварот од Групата Б на Европското прнвество.

Данците очигледно се` уште беа во шок по она што му се случи на Кристијан Ериксен пред крајот на првото полувреме. Фудбалерот на Интер колабираше на теренот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген. Брзо реагираше капитенот на данската репрезентација Симон Кјаер, кој му укажа прва помош пред да дојдат медицинските лица.

Лекарите по повеќе од 15 минути помош успеаa да го повратат фудбалерот на Данска. Беше изнесен на носилки и пренесен во најблиската болница, а официјалните информации се дека Ериксен се чувствува добро и е во стабилна состојба.

По еден час пауза натпреварот продолжи по барање на фудбалерите на двете репрезентации. Данска можеби доминираше и имаше шанси, но победата ја однесе Финска буквално со единствениот удар кон голот на противникот.

Херој на Финците беше Џоел Појанпало во 60.минута. Пјер Емил Хојбер не реализираше пенал за Данска во 74.минута од натпреварот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе