Во полициската акција во скопското село Арачионово и приведени се девет лица, меѓу кои еден полициски инспектор и еден жител на Свети Николе, тие се сомничат за недозволена трговија со хероин, оружје и муниција.
Како што дознава Телма од полициски извори акцијата трела повеќе од шест месеци, а ја изведувале обвинителството и одделот за организиран криминал при МВР.
За време на истрагата се документитрани повеќе од 20 случаи на препродажба и трговија со дрога и со оружје, поради што денеска е организирана акција за приведување на осомничлените кои ја организирале оваа мрежа.
Во предходната постапка неколку зделки на групата биле пресечени, а еден од осомничените бил приведен пред повеќе од месец дена.
Извршени се претреси во над десет објекти во атарот на село Алачиното и во Свети Николе.
– По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Св. Николе, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот ФБ профил.
Од МВР најавуваат детали по завршувањето на акцијата и наведуваат дека ова е една од низата полициски акции спроведени последниов период.
Миомир Серафиновиќ
