Македонија Топ вести

Изборниот резултат во Бугарија ќе влијае и на Македонија?!

Дали исходот од изборите во Бугарија би можел да влијае на европската иднина на Македонија?Аналитичарите велат-апсолутно-да. Во кој правец ќе биде тоа влијание е  се` уште неизвесно. Изборниот резултат се насетува, во смисла на тоа кој ќе формира влада, но постизборните коалиции се неизвесни.

Македонската Влада не ја крие надежта дека можеби ќе има омекнување на Софија. Министерот Османи најави нов пристап и рационална дебата веќе од утре, за да се даде можност, на самитот на ЕУ во јуни да се постигне консензус по однос на преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција. Премиерот отиде уште подалеку, најавувајќи дека, до решение може да се дојде со формулацијата „два различни народи со заедничка историја во одреден период„.Арсовски вели дека нивниот оптимизам не е неоснован и дека промени може да има и покрај веќе изградената национална стратегија во Бугарија, во однос на Македонија.

Во оваа година јуни и јули се последната можност за Македонија да ја добие меѓувладината конференција. Доколку тоа не се случи, Арсовски очекува разочараноста од ЕУ да ни донесе политичка декаденција дома.Тоа по правило значи поавторитарен метод на владеење и популистички наративи, што во основа нема да донесе ништо добро.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе