Најважни Спорт Фудбал

Ангеловски: Македонијо слави ги овие херои

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа победа на гостувањето против Германија со 2:1 и по три одиграни натпревари се наоѓа на второто место во Ј групата од квалификациите за Светското првенство.

“Овие момци уште еднаш ја направија горда Македонија, против четирикратен светски, трикратен европски шампион. Дваесетгодишна традиција без пораз. Кој, ако не тие да ја срушат таа традиција? Тие се нашите спортски херои, тоа се нашите фудбалери кои ја кренаа нацијата на нозе, така што, Македонијо, радувај се и слави ги овие херои. Оваа победа е налик на ова ЕП. Никогаш не сме победиле репрезентација со толку титули. Среќен сум што работам со такви фудбалери, честитки до нив. Сега мора да се одмориме, не сме уште свесни што направивме. Овој триумф е за сите, но и за оние кои им го донесовме овој успех, да сфатат што правиме. Добро знаете кои се. Ако еден Јоаким Лев пријде и ти честита за петгодишната работа, тогаш се надевам дека сите ќе се свестат што направивме и каков тим е ова. Но, оваа победа е за целиот народ”, рече Ангеловски на прес конференцијата по натпреварот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Охрабрувачки напредок“ во разговорите меѓу делегациите на САД и Иран во Швајцаријa

Дејан Дејан

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе