Вести Македонија

Француската агенција за развој преку проекти ќе го забрзува влезот на Македонија во ЕУ

Две години откако влезе во регионот со регионална канцеларија во Белград, Француската агенција за развој (ФАР) се надева дека наскоро ќе отвори и своја локална канцеларија во Македонија. Со годишен буџет од 200 до 300 милиони евра на ФАР за Западниот Балкан регионалниот директор Доминик Отберг денеска во Скопје ги презентираше можостите кои ги нуди најстарата развојна банка во светот, која делува во 115 земји во светот со 4.000 различни проекти.

Приоритетите на дејствување во моментов и се во делот животната средина, водите, енергетиката, урбаниот развој,  но и унапредување на јавните политики, јавните претрпијатија, локалните самоуправи. Отберг во контекст на Македонија смета дека најприоритетно и е потребна помош во делот на животната средина, но ги спомена и сите други области во кои со помош на проектите финансирани од ФАР или заеми ќе се овозможи побрз економски и социјален развој на земјата, но и унапредување на законите кои треба да ја донесат земјата поблиску до ЕУ.

Договорот меѓу Македонија и Франција со кој е договорен влезот на Француската агнеција за развој во земјава беше потпишан пред пет недели.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Нормализиран сообраќајот на Плетвар по тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице

Igor Trajkov

Мојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов пристап преку „прогресивно набљудување“ и влез во заедничкиот пазар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе