Женската ракометна репрезентација на Македонија ги финишира подготовките за настап на претстојните натпревари од претквалификациите за пласман на Светското првенство.
Селекторот Симе Симовски се реши да ја повика неколку нови имиња во националниот тим, кој и на овој турнир ќе биде предводен од нашата најдобра ракометарка, Елена Ѓорѓиевска.
“По подолг период повторно сме во националниот тим со некои нови ракометарки, но стари желби за успех. Трипати по ред ги добиваме Исланѓанките за противнички, и може да ги издвоиме како фаворитки на турнирот, има огромен напредок во нивната игра, но не треба да стравуваме од ниту еден противник. Исходот на натпреварите најмногу ќе зависи од нас самите. Мислам дека нема да имаме проблеми за победи на овој турнир, иако јасно е дека мора приземно да ги очекуваме дуелите и секогаш со максимален ангажман на терен. Потоа во април посакуваме некој нормален противник за да дојде до сонот и пласман на Светското првенство во Шпанија”, изјави Ѓорѓиевска.
Првиот натпревар Македонија ќе го игра утре во А1 арената Борис Трајковски против селекцијата на Исланд, а почетокот е закажан за 17 часот.