Македонската женска ракометна репрезентација попладнево го одржа последниот тренинг пред почетокот на претквалификацискиот турнир за влез во баражот за Светското првенство.
Нашата селекција во првиот меч утре ќе се соочи со Исланд, кој ни е директен конкурент за освојување на првата позиција. В сабота играме против Литванија додека в недела противник ни е репрезентацијата на Грција.
Сите натпревари почнуваат во 17 часот, а мечевите се играат во А1 арената Борис Трајковски.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.