Женската ракометна репрезентација на Македонија во следниве три дена ќе биде дел од претквалификацискиот турнир за влез во баражот за Светскиот шампионат што ќе се одржи кон крајот на годинава во Шпанија.
Утре ќе се сретнеме со репрезентацијата на Исланд, в сабота противник ни е Литванија, а во последното коло играме со Грција.
“Противниците ни се добро познати, играме на домашен терен и очекувано е што нам ни е доделена фавористската улога. Во текот на овие подготовките трениравме напорно, новите ракометарки во екипата одлично се вклопија, а ние што сме подолг период во составот имаме голема одговорност во играта, но и да им помогнеме на помладите. Верувам дека можеме да забележиме три победи, имаме искуство во настапи на вакви турнири и дека на сите мечеви ќе играме на највисоко ниво”, изјави Сара Ристовска.
Мечевите се играат во А1 арената Борис Трајковски и сите почнуваат од 17 часот.
ФОТО: Игор Паневски