Македонската женска ракометна репрезентација ги продолжува подготовките за настап во претквалификациите за влез во баражот за пласман на Светското првенство кое кон крајот на годинава ќе се одржи во Шпанија.
Селекторот на националниот тим Симе Симовски од утре на располагање ќе ги има сите ракометарки откако во Скопје треба да пристигне и првиот голмански избор Матеја Серафимова.
Нашите ракометарки од петок до недела во Скопје ќе ги одиграат трите натпревари против Исланд, Литванија и Грција.
ФОТО: Игор Паневски