Македонија Топ вести

Сообраќајка кај селото Крупиште – повредени возач, медицинска сестра и пациент заболен од коронавирусот

Возач, медицинска сестра и тешко болен пациент од коронавирусот од Кочани се тешко повредени во сообраќајната несреќа во близина на селото Крупиште. Со тешки скршеници се примени во штипската Клиничка болница, но портпаролот Марина Шуманска вели дека по прегледот и поради сериозноста на повредите веднаш се хоспитализирани на трауматологија во Клинички центар во Скопје.

Сообраќајната несреќа се случила околу 9.30 часот на регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Крупиште, според полицискиот увид дошло до судир меѓу камион, која работи на изградба на експресниот пат и возило на Итната медицинска помош од Кочани.

При вадење на повредените од возилото на Брзата помош интервенирале и штипските пожарникари.

Возач исто така на Брза помош, кој се движел со сопственото возило позади амбулантното возило вели дека ова не е прва ваква сообраќајка на овој патен правец, а причините се поради непочитување на правилата, но и на ротационите светла на амбулатните возила.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкција: Правда за земјоделие или за МВР?

Дејан Дејан

„Пулс“ почнал со работа, иако во континуитет не исполнувал услови, кажа обвинителката на денешното рочиште кое на моменти беше тензично

Sasko Dimovski

Финансов директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп за фиктивни услуги исплатил повеќе од 23 000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе