Македонија

Советот за безбедност за опремувањето и модернизацијата на Армијата

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска се одржа 11-та редовна седница на Советот за безбедност со точка на дневен ред: Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период.

На седницата беа разгледани проектите и активностите за развој и одржување на капацитетите на одбраната предвидени со Долгорочниот план за развој на одбранбените способности на одбраната 2019-2028 година, во согласност со интеграцијата во колективниот систем на одбраната на НАТО.

Највисока стратегиска цел на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО е координиран развој и одржување на оперативните способности на одбраната. Опремувањето и модернизацијата на Армијата овозможува државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси, а со тоа да ја зајакне својата геополитичка и гоестратегиска положба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инцидент во Зоолошката градина, волци избегале од живеалиштата и усмртиле кенгури и ему птици

Дејан Дејан

Клексан и Фраксипарин на Позитивна листа од јули

Sasko Dimovski

Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе