Вести Македонија

Мијалков останува во Шутка-отфрлени жалбите за укинување на притворот

Сашо Мијалков останува во притворот во Шутка, одлучи на нејавна седница скопскиот Апелационен суд.

Жалбата на бранителот на Мијалков е отфрлена како неоснована. Првостепеното решение на судечкиот совет во предметот Тврдина Таргет останува да важи.

Пред две недели кривичниот суд во Скопје за случајот со масовното нелегално прислушување му изрече 12-годишна затворска казна на Мијалков и од куќен притвор му го преиначи решението за затворски притвор во траење од 60 денови.

Поранешниот директор на УБК Мијалков неколку дена пред изрекувањето на пресудата исчезна по што беше прогласен за бегалец и беше распишана меѓународна потерница по него.

Два дена подоцна, Мијалков сам се појави во Обвинителството за организиран криминал. За бегството е отворена истрага, но досега никој во надлежните институции не понесе одговорност за бегството кое се случи откако обвинителката Рускоска пријавила таква можност еден ден пред Мијалков да исчезне.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема шанса да осигураме стопроцентна регистрација – аеродромите во Рим се закануваат со суспензија на ЕЕС системот на ЕУ

Sasko Dimovski

Инцидент во Зоолошката градина, волци избегале од живеалиштата и усмртиле кенгури и ему птици

Дејан Дејан

Најмалку 164 загинати и речиси 1.000 повредени – расте билансот на жртви во катастрофалните земјотреси во Венецуела

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе