Ракомет Спорт

Ракометарите без победа против Данска

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва против селекцијата на Данска ќе го одигра шестиот меѓусебен дуел.

Двата тима до сега се соочувале само на големите натпреварувања и ова ќе биде прв меч во кој Македонија и Данска ќе одиграат еден квалификациски натпревар.

Во изминативе мечеви Македонија нема ниту една победа, а најблиску до позитивен резултат бевме пред девет години кога на Европското првенство во Србија бевме поразени со 33:32 и тоа со погодокот на Линдберг во последните секунди.

Првиот меч го одигравме на 25 јануари 2009 година и тоа Светското првенство кога Данска славеше со 32:24. Четири години подоцна на Мундијалот во Шпанија, Данците не совладаа со 33:30, а потоа следат два натпревари на континенталните шампионати.

Во 2014 година, Данска славеше со 29:21, а четири години подоцна во Хрватска триумф на нашиот вечерашен противник од 30:21.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе