Ракомет Спорт

ТРИУМФ НА МАКЕДОНИЈА,СОВЛАДАНА Е НАЈДОБРАТА СЕЛЕКЦИЈА НА СВЕТОТ

Македонија имаше ноќ за паметење.Триумф над Светскиот првак Данска од  33-29  во меч одигран  во Арената Борис Трајковски  за прво место на табелата и чекор поблиску до пласман на ЕП-во.Новиот селектор на Македонија Кире Лазаров ,неговите помошници и оние најважните, актерите на терен,  приредија маестрални 60 минути против селекција која во минатото ни нанижа серија од порази.Одличниот почеток и постојаната предност навестија дека можеме.Македонија имаше решенија во двата правци во секој момент.Данците не успеаја да се наметнат иако повремено беа сигурни дека нештата ќе се свртат во нивна полза.На полувремето,Македонија имаше 17-13 а продолжи бескомпромиско и во вториот дел.Највисоките  25-17 ги фрлија  противниците во очај а до крајот, во стил на голем тим, нашите репрезентативци го исконтролираа резултатот.

Најефикасни во состав на Македонија   беа Кузмановски, Манасков, Талевски со по пет погодоци. Селекторот Кире Лазаров и Стојанче  Стоилов мечот го завршија  со по четири, Филип Миркуловски се врати на најдобар можен начин со три гола,колку што постигна и  Пешевски а извонреден помеѓу стативите  беше Никола Митревски со 13 одбрани. На спротивната страна единствено се издвои Микел Хансен со 11 погодоци.На 14 март Македонија гостува кај Данска,во меч од 4.коло.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП

ГРУПА  7      3.КОЛО

МАКЕДОНИЈА-ДАНСКА     33-29

ФИНСКА-ШВАЈЦАРИЈА    19-32

ТАБЕЛА  1. МАКЕДОНИЈА 6      2.ДАНСКА   4      3.ШВАЈЦАРИЈА  2       4. ФИНСКА 0

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хименез го потврди трансферот во Милан преку социјалните мрежи (ФОТО)

Дејан Дејан

Јувентус тргнува по Озимен: Влаховиќ си заминува

Дејан Дејан

МЗТ бара нова победа, Работнички на мегдан со „фенерџијата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе