Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го одреди составот за вечерашниот дуел против Данска што ќе се одигра во рамките од квалификациите за Европското првенство.
Во националниот тим се по скоро три години се враќа Филип Миркуловски, а во составот повторно се Дејан Манасков и Гоце Георгиевски кои го пропуштија последниот Светски шампионат.
За прв пат дресот на националниот тим ќе го носи Игор Ѓоргиев од Голден Арт КЛ7, а од поширокиот список отпаднаа Марко Кизиќ, Мартин Серафимов, Горан Крстевски, Емилијан Ѓорговски и Михаил Аларов. За овој натпревар во конкуренција нема да бидат повредениот Димитар Димитриоски и Марко Мишевски кој се уште закрепнува од инфекцијата со корнавирусот.
МАКЕДОНИЈА
- Никола Митревски
- Дејан Манасков
- Мартин Велковски
- Стојанче Стоилов
- Кирил Лазаров
- Цветан Кузмановски
- Игор Ѓоргиев
- Филип Талески
- Мартин Томовски
- Филип Миркуловски
- Никола Марковски
- Ненад Костески
- Гоце Георгиевски
- Михајло Младеновиќ
- Жарко Пешевски
ДАНСКА
- Никлас Ландин
- Магнус Ландин
- Емил Јакобсен
- Емил Нилсен
- Ханс Линдберг
- Кевин Мелер
- Хенрик Мелгард
- Мадс Менса Ларсен
- Хенрик Тофт Хансен
- Микел Хансен
- Јохан Хансен
- Ласе Андерсон
- Николај Нилсен
- Јакоб Холм
- Матијас Гидсел
- Симон Халд Јенсен
ФОТО: Игор Паневски