Ракомет Спорт

Манасков: Да одиграме најдобро што можеме

По лошиот настап на Светското првенство во Египет, македонската машка ракометна репрезентација ги продолжува настапите во квалификациите за Европското првенство.

Во првите два официјални меча по учеството на Мундијалот, Македонија за противник ја има Данска, кој е главниот фаворит за освојување на првата позиција на табелата во нашата група.

“Не треба однапред да се предаваме и на секој натпревар мораме да се надеваме на победа. Данска е фаворит, но ние треба да одиграме на највисоко можно ниво, да влеземе во овој меч со голем мотив и да ја искористиме и најмалата шанса да направиме изненадување. Секако дека ќе биде тешко, но за нас е најважно да го поправиме впечатокот од настапот на последното Светско првенство. Ќе дадеме се од себе да одиграме најдобро што можеме. Поради нас, но и пред се поради сите љубители на ракометот во земјава да покажеме дека оваа генерација во иднина може да постигнува подобри резултати”, изјави Дејан Манасков.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе