Најважни Свет

Јавниот обвинител на Њујорк отвори истрага против гувернерот Куомо за сексуално вознемирување

Јавниот обвинител на Њујорк, Летиција Џејмс, оформи тим што ќе ги провери наводите дека гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, сексуално ги вознемирувал своите соработнички.

Во тимот ќе бидат поранешниот сојузен обвинител Џон Ким и адвокатката за трудово право Ана Кларк, соопшти обвинителството.

„Несомнено е дека и двајцата имаат знаење и искуство потребно за да спроведат истрага и на Њујоркчани да им ги дадат одговорите што ги заслужуваат“, се наведува во соопштението.

Неколку жени, вклучувајќи и три поранешни службенички од кабинетот во Куомо, го обвинија за несоодветни коментари за нивниот изглед, поставување прашања за нивниот сексуален живот, а во некои случаи дури и има давал непријатни прегратки и несакани бакнежи.

Гувернерот Куомо негираше дека некого допирал на непримерен начин и додаде дека некои од обвинувањата се лажни. Но, самиот призна и се извини затоа што со некои жени се шегувал, што тие го протолкувале како флерт и додаде дека во тие моменти не сфаќал дека неговите потези се штетни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Шефот на нуклеарната агенција на ОН вели дека инспекторите ќе ги посетат иранските нуклеарни локации како дел од договорот за завршување на војната.

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе