Вести Македонија Топ вести

Опозицијата ја одби понудата на Заев за широка коалиција

Опозицијата не поверува дека понудата на премиерот Заев за широка коалиција е искрена. Алијансата на албанците ја нарече обичен блеф, а ВМРО ДПМНЕ, која вчера прифати да разговара за експертска а не за политичка Влада, денеска оцени дека се работи за провидна игра и сламка за спас на кариерата на Заев.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, хоспитализиран на Инфективна клиника со симптоми на ковид, одговори уште поостро. Нема да се случи пакт со криминалци, соопшти на социјалните мрежи, упатувајќи порака на господата од власта и нивните лакеи, како што ги нарече поранешните функционери од ВМРО ДПМНЕ.

А тие, групирани во Иницијативата за вонреден конгрес, преку поранешниот градоначалник Ивица Коневски, му порачаа добро здравје и му испорачаа барање за отчет токму пред делегатите кои на конгресот во Валандово го избраа за лидер.

Алијанса-Алтернатива има свои услови: бара решавање на прашањето за државјанствата, во Уставот да се замени терминот 20 одсто со албанска заедница, и меѓународно посредништво во Монструм и во други судски предмети.

И ДУИ ја отфрли понудата. Лидерот Али Ахмети смета дека треба да постои опозиција, бидејќи таа има важна демократска улога – да не се согласува со парламентарното мнозинство.

Вчера премиерот Зоран Заев во интервју за Слободен печат, најави дека сака да отвори дебата за создавање широка владина коалиција, во која сите партии би партиципирале во согласност со освоените пратенички мандати. Тоа, според него, би придонело за помирување во општеството, но и за департизација на институциите, функционалност на Собранието, судството и администрацијата и за подобро справување со здравствената и економската криза.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе