Вести Македонија Најважни

Слаб е интересот за вакцинација кај луѓето над 70 години

Само 35 проценти од вкупниот број на граѓани  над 70 годишна возраст се пријавиле за вакцинација против КОВИД -19. Од  170 иладји  лица  на оваа возраст,   кои се во првата група според Националниот план за имунизација,  преку веб страницата на Министерството за здравство и преку матичните лекари се пријавиле  60 318  лица кои сакаат да ја примат вакцината.  Приоритет ќе имаат  оние со хронични заболување. Иако  само една третина пројавиле интерес, сепак повеќето од анкетираните битолчани, велат дека со нетрпение очекуваат да бидат повикани за вакцинација.

Јас и сопругата се пријавивме кај матичната, ни се јави сега скоро, ни рече сте во приоритет, кога ќе има можност, вие над 70 години, бидете сигурни ќе бидете опфтаени. Не знам дали ќе влеземе во ова група вакцини кои сега пристигнуваат 3000, има ранлива категорија граѓани, на кои што им е попотребна вкацината, не знам дали ќе бидеме во тој преиоирите. Сега чекаме да ни викнат, велат анкетираните

Мал е бројот на анкетираните кои велат дека ниту се пријавиле, ниту сакаат да се вакцинираат, па им отстапуваат место на помладата популација.

Јас не се пријавив, нема да се вакцинирам, имам 90 години, на младите им треба повеќе, мене сега на крајот не ми треба, вели еден битолчанец.

Министерот Филипче неодамна апелираше граѓаните да се пријавуваат преку веб страницата на министерството, а матичните лекари да ги пријавуваат своите пациенти над 70 години со хронични болести преку системот мој термин, посебно во оние региони каде интерсето е исклучително мал

Инаку досега има вкупно  над 125 илјади пријави за вакцинација. Од нив преку странциата вакцинација.мк се пријавиле 74 илјади,  а од страна на матичните лекари има нешто повеќе од 51 илјада пријавени граѓани.  Во земјава вкупно се  вакцинирани  3546 здравствени работници.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе