Македонија Топ вести

Владата најавува голем акциски план за борба против корупцијата

Владата најавува голем акциски план за борба против корупцијата.

Според вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николоски, во неговата изработка биле вклучени забелешките, препораките и барањата на голем број граѓански организации, на Државаната комисија за борба против корупцијата, на регулаторните тела, но и оние содржани во извештаите на САД и Европската Комисија.

Николоски вели дека корупцијата е вкоренета во многу сектори и мора системски да се пристапи кон нејзино искоренување.

Претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија потврди дека дале свои забелешки за акцискиот план иако не знаат што точно е влезено од нив. Вели дека се вклучиле да помогнат во дефинирање на приоритетите коишто треба и може да ги прави Владата, но само во рамките на извршната власт.

СлВо последниот извештај на Транспаренси Интернешнл, Македонија немаше подобрување во индексот на корупцијата за 2020 година. Државата се најде на 111 место.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе