Спорт

Ново злато за Крихмаер во Кортина

Австриецот, Винсент Крихмаер триумфираше на трката во спуст и за само три дена го освои вториот златен медал на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во Кортина Д’Ампецо. За Крихмаер ова е вкупно четврти трофеј на првенствата откако пред две години во Аре освои бронза во спуст и сребро во супервелеслалом.

По славјето во супервелеслалом, Крихмаер беше најбрз и на патеката за спуст и низ целта мина со време од 1 минута 37 секунди и 79 стотинки и за само еден стоти дел од секундата беше побрз од Германецот, Андреас Сандер додека со бронзата се закити Беат Фојц од Швајцарија.

На Светскиот шампионат утре на програмата се трките во алпска комбинација во машка и женска конкуренција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе