Ракомет Спорт

Вардар го пречекува Пик Сегед

Ракометарите на Вардар попладнево ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите, а следен противник е унгарскиот претставник, Пик Сегед.

Иако во овој период “црвено-црните” требаше да играат во пеколен ритам сепак по одложувањето на дуелите со Пари Сен Жермен и Флензбург, составот на Стевче Алушовски имаше повеќе време да се фокусира на соочувањето со Пик Сегед, противник кој никогаш не се радувал на победа во Скопје.

Нашиот состав до овој момент пет пати го пречекал составот од Унгарија и има четири победи и само еден нерешен резултат и се очекува низата на Вардар да продолжи и во следниов период да се освојат што е можно повеќе бодови и да се обезбеди подобра позиција во пресрет на осминафиналните соочувања.

Мечот се игра во СЦ Јане Сандански и почнува во 18 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе