Спорт Тенис

Без гледачи на Австралија опен

По одлуката на здравствените власти во Мелбурн во следниве пет дена целосно да се забрани движењето, организаторите на Отвореното тениско првенство на Австралија решија трибините да се забрани присуство на гледачи.

Во новото жариште на присуство на вирусот кое е поврзано со персоналот во хотелот каде што се сместени тенисерите, премиерот на владата државата Викторија, Даниел Ендрјус реши ги забрани верските и другите јавни собири во кои спаѓаат и мечевите на првиот Гренд слем тениски турнир.

“Мораме да претпоставиме дека постојат повеќе случаи од регистрираните 13 и дека инфекцијата се шири со брзина која не е забележана во целата земја во изминативе 12 месеци”, изјави Ендрјус.

Во досегашниот тек на турнирот беше дозволено присуство на гледачи во бројка не поголема од 50 проценти на капацитетите на трибините на терените, но во следниов период тенисерите своите мечеви ќе  ги играат пред празни трибини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Серена и Венус Вилијамс добија вајлд-карта за Вимблдон

Sportska Redakcija

Проблем за Тухел пред стартот на Мундијалот: Ливраменто отпадна од составот на Англија

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе