Македонија Најважни

Зибери: Нема да бидам сервис на власта, ќе ги заштитувам граѓаните

Политиката нема да влијае за да ги заштитам граѓаните, да бидам во нивна служба, а не сервис на власта, рече новоизбраниот народен правобранител, Насер Зибери, кој утринава и официјално стапи на функцијата. Неговиот избор во собранието не го поддржа опозицијата, поради тоа што Зибери на последните парламентарни избори беше кандидат на ДУИ за прв премиер Албанец. Но, Зибери вели дека неговата кандидатура за народен правобранител е резултат на неговата долга работа и политички ангажман во општеството.

Зибери беше избран за омбудсман на седницата на Собранието  на 25 јануари годинава.

Тој ќе ја наследи функцијата на Иџет Мемети кој беше на чело на институцијата 16 години, односно два мандати по осум години.

Зибери е роден во 1961 година. Дипломирал во 1985 година на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина. Во 2010 година положил правосуден испит. Во периодот од 1986 год 1990 година работел како новинар во весникот „Флака е влазеримит“. На првите парламентарни повеќепартиски избори во 1990 година, но и на изборите во 1994 година и 1998 година, бил избран како пратеник во Собранието. Од 1996 до 1998 година, Зибери бил и министер за труд и социјална политика, како и потпретседател на Владата.

Зибери на последните парламентарни избори во јуни минатата година беше предложен од ДУИ како кандидат за прв премиер Албанец во Република Северна Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе